806
Во моментот во Кривичниот суд се објавува пресудата за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување.
Токму пред изрекувањето на казните, судијата Владимир Туфегџиќ даде пауза од 5 минути, како спроведување на мерките за заштита од корона вирусот. Пред паузата, тој појасни дека пресудата била донесна пред два дена, на 24 февруари, и тоа како што рече едногласно.
Од кажаното, засега е јасно дека обвинетите ќе бидат осудени, бидејќи во образложението судијата истакна дека Сашо Мијалков бил организатор на масовното незаконско прислушување, но дилема се уште е висината на казната.