Откако, денeска во Основниот суд Скопје 1, обвинетите во случајот „Ровер“ и нивните бранители ги дадоа завршните зборови, судијата Илија Трпков најави дека во среда, во 13 часот ќе ја соопшти и пресудата. Судскиот совет, предводен од судијата Трпков, по втор пат заседаваше за случај „Ровер“, бидејќи првостепената пресуда беше укината од Апелациониот суд, а случајот беше вратен на повторно одлучување.
Со првостепената пресуда, на казна доживотен затвор беа осудени Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. Бошкоски беше осуден на 12 години затвор, две години помалку доби Зоран Трајковски, по осум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по шест Гоце Митревски и Никола Негриевски.
Според пресудата на Кривичниот суд, Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, наводно му дал зелено светло на Орце Коруновски за убиството на Тушевски и Јанев. Наводно ветил дека нема нема да поведе истрага за убиството, и ќе им помогне на извршителите да избегаат. Но, овие тврдења паднаа во вода, откако Апелација одлучи дека првостепената пресуда е нејасна, односно дека судот не утврдил умисла кај обвинетите, а ниту пак презентирал доволно докази.