Пресуда на Кривичен суд по обвинувањата од МАЛМЕД: Клиника „Жан Митрев“ нема пропусти во работењето!

by Fokus

Основниот кривичен суд потврдил дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница „Жан Митрев“ по обвиненијата на МАЛМЕД.

Оттаму информираат дека наводите за прекршоци во работата на Клиниката се покажаа како неосновани.

Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според заклучокот, Основниот кривичен суд донел ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД, се вели во соопштението од Клиниката.

„Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница `Жан Митрев` и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во Клиниката `Жан Митрев`, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето“ наведуваат оттаму.

Поврзани новости