2
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 06:40 часот на патот Суботица – Бајмок, во близина на Таванкут, потврдија од Полициската управа во Суботица (Србија).
Како што се дознава, жена која управувала патничко возило со регистарски таблички од Суботица го престигнуваше автобусот, изгуби контрола над возилото, излета од патот и удри во камион што се вклучуваше во сообраќајот.
Екипи на итната помош и пожарникари веднаш пристигнаа на местото на настанот.
Едно лице загина на самото место, додека две лица со тешки повреди итно беа пренесени во болница.