Прешова по експертски консултации кај Пендаровски: Собранието може да се состане само ако се прогласи вонредна или воена состојба

by Fokus

По средбата на правните експерти, кои дебатираа кај шефот на државата како да се најде легална форма за одложување на изборите, доцентот по уставно право на „Јустинијан Први“ при УКИМ, Денис Прешова, вечерва го реактуелизира ставот кој го имаше и пред средбата.

Тој на својот Фејсбук профил пишува дека единствениот начин Собранието повторно да се свика е преку прогласување вонредна состојба.

„Очигледно дека Одлуката У.бр. 104/2016 на Уставниот суд од 2016 година произволно се толкува. Без оглед дали некому се допаѓа или не, Уставниот суд утврдил дека ОСВЕН(НАДВОР) во ситуација на прогласена воена или ВОНРЕДНА состојба (член 63 став 4), пратениците не можат повторно да се состанат по одлуката за самораспуштање. ЗНАЧИ, Собранието може повторно да се состане при вонредна или воена состојба, доколку е во можност, дури и ако претходно се самораспуштило – напиша Прешова.

 

Поврзани новости