Здружението на граѓани „Преродба“ денеска протестира против уставните измени во Собранието на Македонија. Организаторот на протестот, Ана Бобинкова-Мијаковска, најави дека ќе се започнат мораториумски акции со блокади, а бараат Заев и Џафери да постапат по нивните протестни барања.
„Главен извршител во Македонија е нелигитимната власт со лошите политики. Бараме да се постапи по барањата од пред една година. Најавуваме мораториумски јавен собир пред Јавното обвинителсво на РМ. Се случува неконтролирано трошење на парите кои се добиени на криминален начин. Очекуваме сите субјекти да застанат зад мораториумот. Започнуваме со мораториумски акции со блокади, поради притисокот и насилието на македонскиот народ и држава. Насилно сакаат да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО, со антицивилизациски политики. Со народна граѓанска непослушност ќе се обратиме против штетните политики на нелегитимната власт. Ги поставуваме блокадите на улицата пред Собранието, секој ден се до оставката на власта. Ставаме мораториум, Собранието да не постапува по барањето на Владата за промена на Уставот. Мораториумските акции ќе ги шириме низ целата држава, со масовно учесво“, устакна Бобинкова Мијаковска.