Петмината приведени препорадавачи на билети за Супер купот се спогодиле со Основното јавно обвинителство и прифатиле да платат парична казна во висина од 500 евра. Еден од нив е државјанин на Република Србија, двајца државјани на Велика Британија, додека двајца имаат двојно државјанство (и на Република Македонија и на САД). За они кои немаат македонско државјанство Обвинителството бара да бидат протерани од земјата за време од една година.
Според кривичните пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи петмината препродавачи се осомничени дека го извршиле делото санкционирано со последните измени на Кривичниот законик, а со кои се санкционира нелегално препродавање билети за спортски натпревари. Согласно законот, за ова кривично дело е предвидена парична казна или казна затвор до една година.
Предлог-спогодбите со осомничените се доставени до судија на претходна постапка, информираат од ОЈО.