Преостанати уште малку бесплатни билети за литургијата на Папата

by fokus

Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск информира дека се преостанати мал број бесплтни билети за учество на централниот настан од посетата на папата, литургијата на скопскиот плоштад на 7 мај. Ова го соопшти Секторот за односи со јавноста при Владата.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски
јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден во перидот од 12 до 17.30 часот на промотивниот штанд пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија во Скопје – велат од Секторот за односи со јавноста при Владата.

Поврзани новости