Над 300 тв куќи од околу 200 земји ќе вршат пренос на вчерашниот спектакл Супер купот кој ќе се одигра во Скопје. Се очекува преносот да го следат меѓу половина и една милијарда гледачи, со што ќе биде втор најгледан настан по летната Олимпијада во Рио.
Преносот започнува во 20:45 часот. Со цел да се избегне метеж при безбедносната проверка, како и при проверката на билетите, влезовите на арената ќе бидат отворени три часа пред натпреварот – од 17:45 часот. Пред двата тима да излезат на терен ќе се одржи свечена церемонија, но деталите се уште не се откриени.
Капацитетот на арената ќе биде целосно искористен. 7.680 места им припаднаа на македонски граѓани, а речиси исто толку и на навивачите од Шпанија и Англија. Место е резервирано и за домашни фунционери. Од централната трибина натпреварот ќе го следат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и претседателот на парламентот, Талат Џафери. Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, се уште не одговорил на поканата од УЕФА.