Над 200 компании, членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе присуствуваат на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата на Република Македонија и ресорните министри. На појадокот ќе се дискутира за најзначајните економски прашања, a ќе биде доставен и презентиран пакет на 75 мерки за структурни економски реформи во Македонија.
Во присуство на бизнисмените, амбасадорите, ресорните министри, официјални обраќања предвидено е да имаат премиерот Зоран Заев и претседателката на ССК, Данела Арсовска.
Претставниците на деловната заедница пред ресорните министри ќе ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат и ќе понудат предлози за надминување врз основа на утврдена соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства.