Премиерот Заев ги слушна ставовите за рудникот Иловица, активисти искажаа протест против негова изградба

by fokus

Во Домот на АРМ во Струмица почна консултативната средба за искажување ставови, факти заложби поврзани со проектот за развој на рудникот за бакар и злато во селата Иловица-Штука.

На средбата присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, и неговиот заменик, Кире Наумов, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, претставници на ЕБОР, компанијата концесионер „Еуромакс ресоурсес“, градоначалници од регионот, технички експерти и претставници на граѓанскиот сектор од Струмичкиот регион.

Пред почетокот на средбата активисти на Здружението „Здрава котлина“, кои се противат на отворањето на овој рудник, преку мирен протест и истакнувања пароли го повторија својот став дека оваа инвестиција не смее да се реализира.

На протестот на „Здрава котлина“ реагираа од „Еуромакс ресоурсес“ со подолго соопштение во кое се наведуваат сите предности од отворањето на рудникот во Струмичко.

Од владината прес-служба најавија дека по завршувањето на консултативната средба ќе биде доставено соопштение до медиумите.

Поврзани новости