Груби ја прекина расправата за Изборниот законик: И онака нема сите да стигнат да дискутираат до крајниот рок

by fokus 22:06
22:06

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, вечерва ја прекина расправата за измените на Изборниот законик, иако беше стигната до вториот амандман од 401 поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пред да ја затвори расправата рече дека поради тоа што имало многу пријавени за збор, одлучил да ја прекине расправата, бидејќи поради дадениот рок за завршување и онака нема сите да можат да дискутираат.

- Advertisements -

Бидејќи измените се со европско знаменце, расправата мора да заврши во рок од два дена, а денеска на полноќ истекува тој рок.

Поврзани новости