Премиерот најавува вметнување на Бугарите во Уставот пред отворање на првиот кластер

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски најавува вметнување на бугарската заедница во Уставот до отворањето на првиот преговарачки кластер, период кој би одзел од една и пол до две години од моментот на одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во услови на чисто решение за македонскиот јазик во Преговарачката рамка.

-Во однос на Уставот – нашиот Устав, односно уставното уредување, дозволува индивидуалните права на самоопределување да се остваруваат колективно. Дополнително, секој држава која претендира да влезе во ЕУ на патот кон Унијата го отвора својот устав со цел да го прилагоди на законодавството во ЕУ бидејќи одредени надлежности се предаваат на ЕУ и европските институции.

Вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав, и тука не зборуваме само за Бугарите, туку и за Хрватите и Црногорците, нормално дека ќе помине низ една процедура на уставни измени, а таа трае подолго зашто се отвора во еден момент, а потоа стручната јавност, партиите низ една дебата во парламентот го затвораат тој процес со двотретинско гласање во парламентот.

Значи, тој процес мора да биде поддржан практично од сите политички партии во државата и тоа е начинот да бидат направени уставни измени, изјави Ковачевски во емисијата „360 степени“.

Поврзани новости