Државната комисија за спречување на корупција на денешниот колегиум ќе одлучи дали ќе отврди предмет за тоа кој го пластил патувањето на семејството на премиерот Димитар Ковачевски во Вашингтон.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, рече дека премиерот Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето на неговите деца во Вашингтон.
“Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива“, рече Ивановска во одговор на новинарски прашања.
Таа рече по одлуката на денешниот колегиум ќе ја известат јавноста дали ќе отворат предмет за овој случај.
Ковачевски минатата недела на новинарско прашање дали при посетата на САД неговиот син отпатувал на државна сметка одговори дека таквите патувања никогаш не биле на сметка на буџетот на државата.
„Моето патување во САД, рече премиерот, беше исклучително важно и успешно. На патувањата, како што додаде, понекогаш е придружуван од својата сопруга доколку тоа го налага протоколот. И ниедно приватно патување на членови на моето семејство никогаш не било на сметка на државниот буџет“, рече Ковачевски.
На прашањето дали ќе ги покаже сметките за тоа како е платено нивното патување, Ковачевски рече дека доколку треба да ги достави сметките дека тоа ќе го направи, но смета дека тоа е непотребно.