Ѓоковиќ ја пофали играта на Јокиќ

by Fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес на својот Инстаграм профил ја пофали играта на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ на синоќешниот натпревар меѓу Денвер нагетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Лејкерс со 108:103 и со тоа дојдоа до предност од 2:0 во финалната серија на Западот.

Најуспешен беше Џамал ​​Мари со 37 поени, 10 скока и пет асистенции, а Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 12 асистенции.

Српскиот репрезентативец и кошаркар на Денвер Никола Јокиќ по натпреварот со Лос Анџелес Лејкерс изјави дека му се допаѓа што јавноста го потценува неговиот тим, пренесува НБА ТВ.

Поврзани новости