Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи им ја честитаа победата на македонските фудбалери кои вечерва ја победија Италија во Палермо со 1:0 на квалификацискиот натпревар за светското првенство.
И премиерот и неговиот политички противник се горди на победата.
-Каква сензација! Браво момци, браво!
Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.


-Црвено жолто е небото над Палермо. Победа голема како планина. Фудбалските херои напишаа историја. Македонија вечна!, порача Мицкоски.