Премиерката на Италија не се откажува: Сурогат мајчинството е нехумано, неопходен е закон за да се криминализира

by Fokus

Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави дека смета дека сурогат мајчинството е нехумано и дека го поддржува законот со кој оваа практика би станала универзално кривично дело.

„Сè уште верувам дека изнајмувањето утроба е нехумано и ја поддржувам легислативата за ова да стане универзално кривично дело. Се надевам дека таков закон ќе стапи на сила што е можно поскоро“, рече Мелони на средбата „За млада Европа – демографски промени, животна средина и иднина“.

Таа додаде дека јавната потрошувачка за поддршка на раѓање е „корисна потрошувачка со многу висок мултипликатор и не може да се смета исто како и другите расходи во нашиот буџет“, пренесува Анса.

Поврзани новости