395
Премиерите на земјите од Западен Балкан денеска ќе одржат состанок во Сараево, чија цел е приближување на овие земји кон Европската унија и разговор за регионалните проекти кои се однесуваат на транспортната и енергетската инфраструктура, како и соработката во областа на младите и образованието.
На состанокот ќе учествуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. Дел од состанокот ќе биде и еврокомесарот Јоханес Хан, како и претставник на Италија, земја домаќин на самитот на земјите од Западен Балкан што во јули годинава ќе се одржи во Трст.