562
Почна заедничката вечера на премиерите од земјите од западен Балкан, Александар Вучиќ (Србија), Иса Мустафа (Косово), Денис Звиздиќ (БиХ), Еди Рама (Албанија) и Душко Марковиќ (Црна Гора) и мандатарот за нова влада на Македонија, Зоран Заев, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, во Брисел.
Тема на состанокот, како што е најавено е состојбите во регионот и заеднички напредок.
Пред ова, Заев имаше и одделна средба со Могерини.