На социјалните мрежи стана вирално видеото од матурантот кој пред скопски хотел, качен врз автомобил прославува и му покажува среден прст на полицаец.
Видеото предизвика низа реакции, од кои повеќето се негативни. За случајот се огласија и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму најавија дека младиот човек ќе го повикаат на разговор во полиција и ќе му поднесат прекршочна пријава.
„Во врска со прашањето за лицето кое недолично се однесува на јавно место, идентитетот на истиот е утврден и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош ќе биде повикан во полициска станица Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави“ – велат од МВР.
На видеото се гледа како матуранти прославуваат со жива музика, а еден од матурантите е качен на автомобил во движење, додека покрај возилото се наоѓа полицаец.
Како што може да се види на видеото, додека полицаецот со рака му покажува да се симне од автомобилот, матурантот му покажува среден прст: