Најмалку шест загинати и илјадници евакуирани по поплавите во северна Италија

by Fokus

Најмалку шест лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот италијански регион Емилија Ромања, соопштија денеска италијанските власти и предупредија дека ситуацијата може да се влоши.

„Врнежите не се завршени, ќе траат неколку часа. Се соочуваме со многу комплицирана ситуација“, соопшти Агенцијата за цивилна заштита, пренесе Ројтерс.

АНСА јавува дека 50.000 луѓе останале без струја поради невремето.

Се вели дека 14 реки се излеале од коритата во Ромања, во источниот дел на регионот, принудувајќи ги жителите на градовите како Чезена да се качат на покривите на куќите, каде што пожарникарите ги спасиле со хеликоптери или гумени чамци.

 

Поврзани новости