Прекинато примирјето во појасот Газа

by fokus

Израел во среда нападнал палестински камп за обука, соопшти Хамас, што е прв израелски напад од примирјето со кое минатиот месец беше ставен крај на единаесетдневниот вооружен судир.

Нешто подоцна. израелската војска потврди дека нејзините авиони во среда нападнале воени објекти на Хамас во Појасот Газа како одговор на лансирањето на запаливи балони, кои според податоците на израелските пожарникари предизвикале дваесетина пожари на југот на Израел.

Освен тоа, израелската војска наведе дека поради постојаните терористички закани кои доаѓаат од Газа, е подготвена на секакви сценарија, дури и на обновување на борбите.

Хамас, исламистичката милитантна група која владее со Газа, претходно се закануваше дека ќе преземе акција со која ќе одговори на маршот на источен Ерусалим во кој во вторникот на повик на крајната десница учествуваа илјадници Израелци.

Новиот израелски премиер Нафтали Бенет претходно зборуваше дека израелските власти не би требало да ги толерираат запаливите балони и дека на нив би требало да одговорат како на ракети.

Поврзани новости