706
Програмата за операции на хируршки клиники е прекината. Денеска најверојатно нема да се оперира. Сите пациенти се препраќаат на другите клиники, каде би можело да се изврши интервенција.
До ваков развој на настаните дојде откако денеска незадоволен роднина на пациент пукаше и застрела еден хирург. Мајката на човекот што пукаше починала, па тој незадоволен заедно со уште тројца пукал во докторот и го ранил во потколеницата.
За 12 часот е најавен протест на лекарите во кругот на болницата.
Се очекува наскоро болницата да излезе со официјална изјава за случувањата.