Апелационата седницата за „Шпион“ се одложи

by Фокус

Марјан Маџовски, екс шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска не се појави во судница во Апелациониот суд во Скопје и затоа не се одржа јавната седница на која требаше да се зборува за жалбите на осудените во досието „Шпион“.

Претседателката на советот, судијката Лилјана Ивановска Шопова, констатираше дека за Маџовски немало доказ дека е уредно повикан и со тоа неговото отсуство практично беше оправдано. Маџовски не е поканет оти е на слобода, оти беше осуден само на година и пол затвор.  Затоа полесно му беше на судот да ги обезбеди тие кои се во притвор- Марјан Ефремов, осуден на 15 години за шпионажа и други помали дела, како и генералот Горан Стојков.

Во овој предмет беа осудени повеќе поранешни и актуелни разузнавачи, а санкциониран беше и ване Цветанов, екс- директорот на Дирекцијата против перење пари. Адвокатите поднесоа жалби до апелација на првостепените пресуди по сите основи.

Судењето во апелација е закажано за 18-ти и 21-ви декември.

Поврзани новости