Прекинат конгресот, ССМ не избра нов претседател на Синдикатот

by Fokus

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска денеска го прекина вонредниот конгрес во Охрид и не избра нов лидер.

Дел од присутните делегати остро реагирале и упатиле критики поради тоа што за лидерската функција беше предложен само еден кандидат, претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски.

Конгресот, кој се одржуваше зад затворени врати е прекинат и сега Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

Поврзани новости