„Кривичниот совет при овој суд ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор на обвинетиот Ф.Љ. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје-Скопје“. Ова го соопштија денеска од скопскиот Кривичен суд по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ.(25), возејќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела го усмрти Југослав Николовски – Југо.
Како што се информациите, возачот избегал од местото на несреќата.
Фатон се пријавил во полициска станица дури по два дена.
Судот најпрво му одреди куќен притвор како мерка за обезбедување, што предизвика силен револт во јавноста.
Јавноста бараше одговори за одлуката и нагласува потреба од еднаков третман на сите учесници во сообраќајот и правдата во земјава.