Преговорите меѓу работните групи од четирите најголеми политички партии за регулирање на медиумската сфера се во застој откако вчера ВМРО-ДПМНЕ ја напушти преговарачката маса, а СДСМ најави дека со ова се доведува до прашање договорот од Пржино.
– Засега, нема најава дека ќе се оддржи нова средба, а нема ниту најава за билатерални состанови со последникот – велат извори вклучени во преговорите.
Според неофицијални информации, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напуштиле преговарачката маса откако посредникот Питер Ванхојте јасно им предочил дека го одолговлекуваат постигнувањето на договорот со поставување на маса на разни компаративни анализи и регулативи. Тоа, пак, од страна на СДСМ било протолкување како губење на време со несуштинска дебата и обид за уште едно, трето по ред, пробивање на роковите за постигнување на договор за медиумите, без кој изборите во април не може да бидат минимум фер и демократски.