Средбата на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино која требаше да се одржи денеска е одложена за утре. Како што информираат од Канцеларијата на посредникот Питер Ванхојте, причина за одлагањето е да им се остави повеќе време на партиите да ги разгледаат предлог-амандманите за Законот за аудио-визуелни услуги.
Денеска СДСМ достави предлог-закон за медиумите кој се темели на предлогот на белгискиот експерт Питер Ванхојте. Во тој предлог се предвидува Советот на Агенцијата за медиуми да се избира преку јавен конкурс од докажан кадар од сферата на медиумите, а за јавниот сервис да се одвојува еден отсто од државниот Буџет.
Што се однесува до владините реклами, предлогот на Ванхојте предвидуваше тие да можат да се емитуваат бесплатно на комерцијалните телевизии, доколку се оцени дека се од интерес за јавноста.