Преговорите продолжуваат во американската амбасада

by fokus

Откако беше неизвесно дали денеска воопшто ќе продолжат преговорите меѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, сега таа дилема се расчисти. Преговори ќе има, ќе започнат во 14 часот, но ќе се преселат во амбасадата на САД во Скопје.

Причина за преместување на преговорите од резиденцијата на ЕУ во американската амбасада е тоа што евроамбасадорот Аиво Орав попладнево треба да замине на неколкудневни консултации во Брисел.

Сега главен проблем во преговорите се ингеренциите на министерот за внатрешни работи. СДСМ  инсистира тој да има целосни ингеренции во кадровската политика и да се вратат старите решенија, додека ВМРО-ДПМНЕ е против ова, со образложение дека тоа ќе значи партизација на министерството.

 

Поврзани новости