392
Во Клубот на пратениците започна состанокот на работната група составена од претставниците на четирите најголеми партии, кои разговараат во однос на изборното законодавство.
Според неофицијалните информации, на последниот состанок имало приближување на ставовите во однос на повеќе точки, но најголеми разидувања имало околу гласањата на дијаспората.
Oд ВМРО ДПМНЕ присутни се Никола Поповски и Никола Тодоров, од СДСМ Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова, од ДУИ Муса Џафери и Артан Груби и од ДПА Беким Фазлиу и Имер Алиу.