420
11-годишно девојче е тешко повредено откако било прегазено во дворот на приватна здравствена ординација во Неготино. Девојчето по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Со возилото управувала 48-годишна жена од Неготино.
„На 14.08.2018 година во 09.30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино“, велат од полицијата.