493
Синоќа во 18:45 часот засега непознат возач прегазил жена, а според сведоците не застанал и избегал.
Жената се движела по патот Кичево-Охрид кога во неа удрил автомобил БМВ во тетовски регистарски таблички. По ударот, жената починала.
Полицијата од вчера трага по возачот. Загинатата е А.Ќ. од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено на обдукција.