Седумдесет и двегодишен пешак бил прегазен, шоферот веднаш побегнал од местото на настанот, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 10,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот “Гоце Делчев“ со улицата “1732“ патничко моторно возило “Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје. Од незгодата со повреди се здобила М.А. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди по што била задржана на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.