Прегазил маж во Козле и избегал

by Fokus

Вчера претпладне, маж од Скопје бил прегазен во Козле, а возачот на автомобилот веднаш го напуштил местото на настанот.

„На 11.06.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(50) од Скопје по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости