579
Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собираат на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако десетгодишно дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов, објави Радио МОФ.
Детето е пренесено во болница но не се знае каква е неговата здравствена состојба.
Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.