456
Единаесетгодишно дете попладнево било удрено од автомобил пред самиот влез на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, по што се здобило со тешки телесни повреди и било пренсено во болница.
Сега момчето е во стабилна состојба, а имало скршеница на надлактицата и по направените неопходни компјутерски снимања е хоспиталирирано на Детска хирургија.
Според полицијата, момчето биле удрено од автомобил марка „Шевролет“ упавувано од Б.Т. (1955), а сообраќајката се случила на улицата „Ангел Динев“.