617
10-годишно момче од Тетово се здобило со тешки телесни повреди, откако било удрено од патничко возило, во текот на вчерашниот ден.
„На 10.09.2018 година во 13.40 часот на ул.„109“ во Тетово, патничко возило „Форд Фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово.На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово“, велат од МВР.