Прегазени тројца пешаци во еден ден, битолчанка починала на самото место

by fokus

Во текот на вчерашниот ден биле прегазени тројца пешаци, од кои фатално заврши битолчканка на возраст од 67 години. Другите две жртви се здобиле со тешки телесни повреди.

Сообраќајната незгода во која на самото место почина битолчанката П.Н. се случила вчера во 19.30 часот на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ во Битола . Со возилото „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, управувал 56-годишниот С.Т. од Флорина-Република Грција. Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

Втората сообраќајка каде е прегазен пешак се случила околу 10.00 часот на улицата „Ѓорче Петров“, пред зградата на Општина Ѓорче Петров. „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот скопјанец К.Р., движејќи се наназад удрил во 67-годишната З.З., која како пешак се движела по тротоарот. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.З. која со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во 09.30 часот, пак, на паркинг простор од поликлиниката Ѓорче Петров, на бул. „Партизански Одреди“, „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.П. од Скопје, удрил во пешак М.Л.(83) од Скопје. По незгодата, пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Градска Болница „8-ми Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости