Прегазени двајца пешаци, 23-годишно момче почина

by fokus

Во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Скопје, загина 23-годишен гостиварец, кој бил прегазен додека одел, а со повреди се здобил уште еден пешак.

Како што појаснуваат од МВР несреќата се случила во 18.42 часот во Скопје на ул.„Јадранска магистрала“.

-Патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М.(58) од село Орман удрило во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско. Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“ каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.

Поврзани новости