Актерот Јакуповиќ: Осомничениот актер со години сее омраза и дискриминација

by fokus

Откако актерската екипа на „Ничија земја“ синоќа одби да игра во МНТ, во знак на солидарност за притворот на актерот Владо Јовановски, не запираат реакциите од актерите. Со своја реакција на фејсбук се јави и актерот Един Јакуповиќ кој не се согласува со ваквата постапка на колегите.

-За сцената што живот значи! Неможам да да го премолчам атакот врз моите колеги, иако не се согласувам со нивната одлука, да ја бојкотираат изведбата на вчерашната театарска претстава.

Зошто не!? Затоа што осомничениот актер години наназад во општеството наместо единство и соживот сее исклучиво омраза и дискриминација, онаа фашистичка етничка дискриминација, спротивно на сите етички, морални и професионални норми.

На моите колеги кои го оправдуваат чинот на осомничениот Јовановски им посакувам никогаш да не им се случи оваа фотографија“ порача Јакуповиќ.

Поврзани новости