Прегазена 18-годишна девојка со автомобил

by fokus

18-годишно девојче од с. Соколарци во текот на вчерашниот ден било прегазено од патничко моторно возило и со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничната болница во Штип.

„На 29.10.2018 година во 17,10 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата од улицата „Гоце Делчев“ и улицата „Вељко Влаховиќ“ патничко моторно возило “Ауди А4“ со штипски регистерски таблици управувано од Т.Н. (51) од Штип удрило во пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот“, пренесува МВР.

Поврзани новости