Адеми и предлага на Владата да се изгради театар во Гостивар

by fokus

Министерството за култура пред Владад денеска ќе ја презентира информацијата за потребата од основање на нова национална установа „Гостиварски театар“ – Гостивар, информираа од Владата. Предлогот за изградба на театар во Гостивар потекнува од иницијатива на драмски работници и беше една од првите заложби на Асаф Адеми откако стапи на функцијата министер за култура.

На денешната седница на Владата на РМ, по предлог на Министерството за образование и наука, ќе се разгледа новиот Предлог-закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард. Како материјал за информирање, ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за работа на Агенцијата за филм на Република Македонија.

На оваа 98 седница на Владата на РМ, на дневниот ред се најавени и повеќе други точки од Програмата за работа на владата, и од интерес на граѓаните.
На денешната, 98 седница на Владата на Република Македонија, меѓу останатото, на предлог на Министерството за надворешни работи, министрите ќе ја разгледаат информација за Акцискиот план за Регионална економска област и за формирање на Координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан, со предлог–одлука и предлог–решение за планот.

Министерството за економија пред министрите ќе го презентира извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот за економска соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, а Министерството за здравство ќе информира за извршените преговори за склучување на План за соработка помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија.

Како предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница ќе се разгледа и информацијата за можноста за вршење на периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници ангажирани од Министерство за здравство на корисниците во Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот.

Поврзани новости