Прегазен пешак во Ново Лисиче

by fokus

Вечерва маж на возраст од околу 50 години е прегазен на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Ново Лисиче, пренесе порталот ПлусИнфо.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи патничко моторно возило „шкода октавија“ со германски таблици управувано од жена на возраст од 49 години го удрила пешакот кој починал на лице место.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Поврзани новости