469
70 годишен пешак утрово околу 7 часот бил прегазен на улицата Борис Трајковски во скопската населба Пинтија. Сообраќајната несреќа се случила откако комбе удрило во седудесетгодишниот Живојин К. кој ја преминувал улицата.
Живојин со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде по кратко починал. Комбето со скопски регистерски таблички од зесега непознати причини удрило во пешакот.
Полицијата извршила увид на местото на сообраќајната несреќа и ги утврдува причините поради кои дошло до неа.