Груевски најави зголемување на пензиите за 600 денари

by Фокус

Премиерот Никола Груевски кој денеска беше во посета на охридскиот регион, најави дека септемвриските пензии ќе бидат повисоки за 5 отсто, а покачувањето најверојатно ќе биде линеарно.

-Предвидено е и во Буџетот е програмирано, оваа есен септемвриската пензија, што се зема во октомври, да биде повисока за 5 проценти. Се уште не сме донеле одлука, но најверојатно тоа ќе биде линеарно зголемување, од 600 до 630 денари за секој пензионер, изјави премиерот Груевски.

Груевски при најавувањето за зголемувањето на пензиите, не пропушти да потсети дека Владата досега ги зголемила пензиите за повеќе од 67 отсто, а ќе продолжела да ги зголемува и во иднина.

Поврзани новости