55
На 21.04.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.