86
МВР информира дека вчера попладне во 18:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат во с. Сенокос, гостиварско патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(31) од село Топлица, гостиварско удрило во малолетен пешак од село Сенокос.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, информираа од СВР Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.