Државјанин на Република Чешка бил вчера околу 13.30 часот удрен од товарно моторно возило на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. Возачот кој управувал со камионот избегал од местото на настанот, а повредениот 33-годишен Р.В. бил хоспитализиран.
„На 19.03.2018 година околу 13,30 часот во Скопје на булевар „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со помошен мотор „Хонда Роад Махи“, управуван од Р.В.(33) од Р.Чешка и товарно моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштил местото на настанот. По незгодата возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување“, велат од полицијата.