Швајцарец со мотоцикл удрил во стадо овци по што бил хоспитализиран

by fokus

25-годишен Швајцарец со иницијали М.Х., кој живее во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди откако управувајќи мотоцикл марка „Априлија“ со германска национална ознака удрил во стадо овци.

Инцидентот се случил вчера во 12.00 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ „Козјак“, атар на село Говрлево.

Како што велат од полицијата, М.Х. удрил во стадото овци, кои го преминувале патот, водени од 55 годишно лице од село Горно Јаболчиште. По незгодата М.Х. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.

Поврзани новости