Прегазен 11-годишен велосипедист во Прилеп

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, 19-годишно момче со својот автомобил прегазило 11-годишнен велосипедист. Од тешките повреди, тој бил пренесен во Градската општа болница Прилеп.

„На 21.03.2019 околу 11.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(19) од Прилеп, удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости